Шпанците воведуваат нови правила оваа сезона


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанското фудбалско првенство, едно од најсилните во светот, почнува на 15 август. Шпанците најавуваат дека ќе воведат некои нови правила од оваа сезона. Целта е да се намали одолговлекувањето на крајот на натпреварите и генерално да се добијат подинамични натпревари. Најзначајните промени се следниве:

1. Се воведува ограничување на времето за замени. Играчот или повеќе од нив мораат во рок од десет секунди да го напуштат теренот. Ако не го сторат тоа, замените нема да можат да влезат на теренот сè до следниот прекин кога судијата ќе дозволи замена.

2. Повреда на голманот на крајот на натпреварот значи дека тренерот ќе мора да избере еден играч од полето да ја напушти играта и мора да остане надвор барем една минута откако играта продолжи. Ова се прави за да се спречи одолговлекувањето со повредите на голманите на крајот од натпреварите. Ако тренерот не одреди кој играч ќе го напушти теренот, тогаш автоматски го напушта капитенот. Нема да биде казна ако судијата оцени дека станува збор за сериозна повреда, потрес на мозокот или крварenje.

3. Екипите имаат пет секунди за изведба на аут, но, сега и на корнери.