Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Раководството на Реал Мадрид и Винисиус Жуниор вчера одржаа состанок за продолжување на договорот, а шпанските медиуми утрово пишуваат дека Бразилецот донел конечна одлука околу продолжувањето на кариерата.
Веќе неколку недели Винисиус Жуниор е една од главните теми во фудбалската јавност откако се појави информација дека постои голема можност ова лето да го смени клубот.
Винисиус има договор со Реал Мадрид уште една година, но е познато дека преговорите за продолжувањето на соработката не течат најдобро неколку месеци.
Во целата приказна се вклучи и Арсенал кој подготви огромна понуда за Винисиус и во случај тој да не го продолжи договорот со Кралевите јасно е дека лондонскиот клуб речиси сигурно ќе биде неговата следна дестинација.
Главниот проблем во преговорите со Реал е парите, бидејќи Винисиус бара доста поголема плата од она што му е понудено, но чини се дека успеаја да најдат заеднички јазик.
Винисиус вчера имал состанок со раководството на Реал Мадрид и му е понуден петгодишен договор со годишен приход од околу 24 милиони евра, што е помалку од она што бара, но чини се дека му е јасно дека условите нема да му бидат исполнети по тоа прашање.
Шпанските медиуми утрово објавија дека состанокот поминал многу добро и дека Винисиус веќе донел одлука.
Без разлика што Арсенал му нуди огромна сума за да се пресели на Емирејтс, чини се дека Винисиус ќе остане во Реал, и шпанските медиуми утрово објавија дека тој се согласил да потпише нов договор со Кралевите.
















