Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најдобрите напаѓачи на светот последниве недели се доведуваше во врска со враќање во Премиер лигата, но изгледа дека тоа нема да се случи.
Хари Кејн донесе одлука за својата иднина. Англискиот напаѓач останува во Бајерн, а според информациите на англиските медиуми, тој е подготвен да потпише и нов договор со германскиот великан.
Последниве недели многу се шпекулираше за можниот повраток на Кејн во Англија. Неговата договорна ситуација дополнително ги разгорела шпекулациите, поради што во Минхен одлучија да реагираат и му понудат на својата најголема ѕвезда продолжување на соработката.
Според последните информации, преговорите завршиле успешно. Кејн наводно во текот на неделата им потврдил на раководните лица на Бајерн дека сака да остане, а новиот договор би требало да го врзе за баварскиот великан до летото 2029 година.
Поради настапите на Светското првенство, Кејн доби малку подолг одмор од дел од соиграчите, а во текот на оваа недела треба да се приклучи на подготовките на Бајерн.
















