Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ромелу Лукаку е пред нов предизвик во кариерата, откако белгискиот голгетер постигна договор за преселба во турскиот гигант Фенербахче.
Клубот од Истанбул ги усогласил условите со Наполи за трансферот на искусниот напаѓач, а според последните информации, зделката е вредна околу шест милиони евра. Во моментов преостанува да се завршат последните административни детали пред трансферот да биде официјализиран.
Лукаку веќе постигнал договор со Фенербахче околу личните услови, па сега се очекува неговото пристигнување во Истанбул.
















