Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
ФИФА покрена забрзана анализа за можноста од проширување на Светското првенство во 2030 година од 48 на дури 64 репрезентации. Независна агенција ќе има само четири недели за да ги процени спортските, финансиските и организациските последици од оваа голема промена.
Светското првенство во 2026 година беше првото на кое учествуваа 48 репрезентации, но ФИФА веќе размислува за ново проширување. Првенството во 2030 година би можело да собере дури 64 национални тимови.
Според документот во кој што Reuters имаше увид, глобалната организација на светскиот фудбал има намера да ангажира независна агенција. Нејзината задача ќе биде детаљно да ги анализира последиците од додавањето уште 16 учесници.
„ФИФА сака да ангажира независна агенција која што ќе утврди дали и на кој начин зголемувањето на бројот на учесници од 48 на 64, почнувајќи од изданието 2030 година, би влијаело на вредноста на натпреварувањето“, наведено е во истражувачкиот документ.
















