Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лука Модриќ минатото лето направи голем пресврт во кариерата и по долготрајниот престој во Реал Мадрид се пресели во редовите на Милан.
Хрватскиот играч за врска во Мадрид остави длабок белег, освои бројни трофеи и стана една од најголемите легенди во историјата на кралскиот клуб.
По доаѓањето на Сан Сиро, Модриќ многу брзо покажа дека е подготвен за нов предизвик, а за престојот во Италија зборуваше за официјалната веб-страница на клубот.
Особено внимание привлекоа неговите зборови за големината на Милан и споредбата со клубот во кој го помина најголемиот дел од својата кариера.
Модриќ без никакво двоумење зборуваше за двата европски великани, но една негова реченица особено го привлече вниманието на љубителите на фудбалот.
Имено, хрватскиот играч за врска смета дека Милан, кога станува збор за големината и значењето, е на исто ниво како Реал Мадрид.
“Играв за најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид, но имам чувство дека Милан е на исто ниво. Тоа е еден од најважните клубови во светот. Кога ќе дојдете овде, разбирате зошто. Имам чувство како да сум овде веќе многу години и токму поради тоа сакам да дадам се од себе.”
















