Барселона за првпат јавно потврди дека летово испратила официјална понуда за аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид не ја прифатил.
Спортскиот директор на каталонскиот клуб Деко отворено зборуваше за трансферот кој го обележа летниот преоден рок и ги откри деталите на понудата вредна дури 100 милиони евра.
Како што тврди, Барселона сѐ направила на целосно професионален начин, но од Мадрид не добиле никаков одговор.
„Испративме формална и коректна понуда. Беше 100 милиони евра, со исплата во три рати во текот на три години. Тоа е сосема вообичаена практика во модерниот фудбал”, изјави Деко.












