„Опуштен сум бидејќи не сум предавник како Игуаин“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Својот 56-ти роденден денеска слави еден од најдобрите играчи на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

    Популарниот Ел Пибе де Оро денеска го прослави својот 56-роденден, но призна дека не е премногу среќен со оглед дека неговиот Наполи синоќа е поразен од Јувентус.

    Марадона ја посвети пораката на навивачите на Наполи, но и Гонзало Игуаин кој синоќа постигна гол за победа на Старата дама.

    „Го славам својот 56-ти роденден, но сум тажен бидејќи загубивме од Јувентус. Против оваа екипа Јувентус мојот Наполи ќе постигнеше барем четири гола. Ако не знаете каква екипа сме биле тогаш тогаш малку распрашајте се. Јуве не е силен како некогаш кога игравме против нив“, рече Марадона, и додаде:

    „Јас не сум предавник како Игуаин. Не ме интересира што направи во Наполи, се тоа го уништи со заминувањето во Јувентус. Јас сум опуштен бидејќи никогаш не сум го предал дресот на Наполи бидејќи моето срце е во таа екипа“.