Хамилтон не се откажува: Победа во Мексико!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Бранителот на титулата во Ф1, Луис Хамилтон победи на Гн за Мексико, 19-та трка оваа сезона. Тој дојде до 7-та победа оваа сезона или вкупно 51 во кариерата.

    Второ место беше неговиот колега од Мерцедес, Нико Розберг додека на 3-то место беше Макс Ферстапен од Ред Бул.

    Хамилтон убедливо победи во Мексико, бидејќи водеше од самиот старт до крајот, со исклучок на одењето во бокс. Тој стартуваше од пол позицијата и направи грешка на првиот свиок, кога влезе многу широко, но бидејќи зад него дојде до мал контакт помеѓу Розберг и Ферстапен, не мораше никого да пушти и така успеа да направи голема разлика.

    Зад актуелниот шампион, Розберг и Ферстапен некое време водеа битка, но Германецот беше сигурен и не дозволи да го преминат. Меѓутоа, Ферстапен во самиот финиш беше во центар на внимание, бидејќи Фетел притискаше, а тој се бранеше така што излета од патеката во одбрана на позицијата. Меѓутоа, иако тимот бараше да го пропушти Фетел, тој тоа не го направи.