Нов пораз на Интер: Дали Кваљарела ги спакуваше куферите на Де Бур?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Сампдорија го победија Интер со 1:0 во рамките на 11 коло од италијанската Серија А.

    Интер на Луиџи Ферари стигна понесен од победата над Торино од претходното коло, но во овој меч повторно потклекнаа и го доживеа петтиот пораз во оваа сезона.

    После неколку обиди на двете страни во првото полувреме, Сампдорија во самиот финиш доаѓа до гол.

    Мрежата на Интер ја погоди Фабио Кваљарела за предност од 1:0.

    Со овој резултат се отиде на одмор, а тимот на Франк Де Бур во продолжението се обидуваше да дојде до израмнувачки гол.

    Сепак, во тоа не успееја, па Сампдорија стигна до победа во овој меч.

    Новиот пораз на Нероаѕурите може да биде и последне на клупата на овој тим.

    Интер е дури на 11 место со 14 бодови, а Сампдорија со оваа победа се израмни со тимот од Милано.