17-годишен го следеле 122 скаути на натпревар!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Продолжува приказната за Александер Исак, момчето од Шведска кој се смета за природен наследник на Златан.

    Игра за АИК и тоа е неверојатно добро за еден 17-годишен, а неодамна веќе го споредуваа со Златан Ибрахимовиќ како негов вистински наследник.

    Во оваа сезона постигна 9 голови на 21 меч, а наводно во минатата недела го следеле околу 90 скаути.

    Тој број дополнително се зголеми во четвртокот, а на официјалниот Твитер профил на АИК пишуваше дека мечот го следеле 122 скаути од целиот свет.

    Најмногу со Исак се поврзува Ливерпул и Челси од Премиер лигата.