Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Големата награда на Мексико донесе многу возбудувања, но по нејзиното завршување.
Казни летаа на сите страни по завршувањето на трката, а на крајот на подиумот како трето пласиран заврши Даниел Рикардо.
Во трката на 3-то место заврши Макс Ферстапен, но тој беше казнет со 5 секунди, бидејќи на недозволен начин добил предност на патеката, па 3-то место му припадна на Фетел. Сепак, радоста на возачот ан Ферари не траеше долго. И тој е казнет со 10 секунди поради намерно попречување на Даниел Рикардо на патеката, па Рикардо благодарение на тие казни стигна до 3-то место.
4-то место заврши Ферстапен, а 5-ти беше Фетел. До победата во оваа трка стигна Хамилтон додека на 2-ро место заврши Розберг.