До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонските надежи до 17 години славеа победа против врсниците на Албанија во квалификациониот турнир во Римини Италија против Албанија со 2:1. (0:0).
До победата предводени од селекторот Дорбинко Илиевски стигнаа со пресврт.
Албанија дојде во водство преку Булари во 52 минута, на 1:1 израмни Колевски во 54 минута, а комплетен пресврт направи Ферати во 64 минута.
Македонија има шанса за пласман на ЕП, покрај најдобрите 2 селекци од групата, петте најдобри третопласирани селекции патуваат на ЕП.
Македонија според бодовите моментално е петта се смета само бодот против Италија.
Овие три бода не сместија на третата позиција во групата зад Италија со 7 бода, Србија со 6 а Албанија е последна без бодови.
Македонија уште има шанси за пласман во елитната фаза на Европското првенство, затоа што според правилникот (точка 13.05) покрај најдобрите две селекции во групата, петте најдобри третопласирани селекции патуваат во елитната рунда, а жолто-црвените според бодовите се петти и им се смета еден бод од дуелот со лидерот Италија (0-0).
Но, за да обезбедиме пласман ќе треба коцките да ни се поклопат и во групата 12 која уште не е започната и ќе тргне утре (1. ноември), да нема подобра третопласирана селекција од нас. Во групата 12 се натпреваруваат Полска, Исланд, Израел и Ерменија.
НАЈДОБРИ ТРЕТОПЛАСИРАНИ СЕЛЕКЦИИ
1. Чешка 1 бод (3-3 гол-разлика)
2. Црна Гора 1 бод (2-2 гол-разлика)
3. Белгија 1 бод (0-1 гол-разлика)
4. Украина 1 бод (2-3 гол-разлика)
5. Македонија 1 бод (1-3 гол-разлика)















