АТП Париз: Крај за Ѓоковиќ во првото коло!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Новак Ѓоковиќ и Ненад Зимоњиќ беа елиминирани во првото коло на турнирот во конкуренција на двојки.

    Српската комбинација изгуби од домашните тенисери Халис и Манарин во 2 сетови, со 6:3 и 6:4.

    Французите доминираа, во првиот сет направија 3 брејка додека 2-от сет го решија во 10-от гејм.

    Тие на турнирот дојдоа со специјална покана, а во 1/8-на финалето ќе играат со третите фаворити, најдобриот тим во двојки, браќата Боб и Мајк Брајант.

    Новак во Париз го чека важен турнир во поединечна конкуренција, бидејќи мора да стигне барем до финалето ако сака да остане на 1-то место на АТП листата пред турнирот во Лондон.