До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона и понатака очајнички е во потрага за квалитетен десен бек, а во игра за доаѓање на Ноу Камп се многу имиња.
Последен е никој друг туку проблематичкиот фудбалер на ПСЖ, Серж Орие.
23-годишниот стана стандарден член на шампионот на Франција, и навистина е тешко да се очекува дека Парижаните ќе го пуштат туку така.
Поедини медиуми тврдат дека лесно може да дојде до размена меѓу Каталонците и ПСЖ, каде што шпанскиот шампион за возврат ќе испрати пари и веќе отпишаниот Алеиш Видал.
Олеснителна околност е што поранешниот фудбалер на Севиља и тренерот на Парижаните Унаи Емери веќе соработуваа во Андалузија.
Веќе во јануари ќе знаеме дали ќе биде нешто од ова…















