Кинески начин: Де Бур добива отказ по Скајп?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Наводно се ќе биде официјализирано во вторник.

    Италијанските медиуми во глас: Франк Де Бур заминува  од клупата на Интер, а сопствениците од Кина утре на Холанѓанецот и официјално ќе му ја соопштат конечната одлука. И тоа – на Скајп! Залудно навивачите на Нероаѕурите со месеци зборуваат за тоа дека е невозможно да сериозен клуб да се води од илјадници километри оддалеченост.

    Газета дело Спорт пишува дека грижата за тоа до крајот на сезоната веројатно ќе биде доверена на некој домашен стручнак, а моментално како прв фаворит се споменува Стефано Пиоли, но се споменува и Франческо Гвидолин и Андреа Мандорлини.

    Додека нов шеф на стручниот штаб не се пронајде екипата ќе ја води тренерот на младиот тим Стефано Веки, кој може да дебитира во четврток против Саутемптон во ЛЕ.

    Де Бур заминува со седум порази на 14 натпревари на клупата на Нероаѕурите. Премално за клуб со такво реноме.