До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот голман на светот ја отвори душата…
Џанлуиџи Буфон зборуваше за поништениот гол против Милан.
„Малку ме разочараа соиграчите, навистина чудна ситуација. Голот е признат, нивните 18 фудбалери протестираа и го притискаа судијата, овие моите се тргнаа и гледаа. Сфаќам дека ние во Јувентус сме убаво воспитани, но понекогаш претеруваме, мора да се слушне и напиот глас“, објаснува Буфон.
Тој не е импресиониран од игрите на Јувентус.
„Победуваме, но не е доволно добро за Европа. Мораме подобро, но е само почеток, има седум месеци до мај кога се ќе се одлучува“, додаде капитенот на Јувентус.
„Мораме секогаш да бараме да биде подобро, имаме потенцијал да станеме најдобар тим“, објаснува лидерот на одбраната на Јувентус кој има четири бода предност на врвот на табелата.
Јувентус има шанси со победа против Лион во среда вечер во ЛШ, да го увери пласманот во топ 16 фазата на натпреварување.















