Сигурни победи на Торонто, Клиперс и Атланта


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во ноќта од понеделник кон вторник беа одиграни 4 натпревари од НБА лигата.

    Атланта на свој паркет го победи Сакраменто со 106:95, а најдобри во тимот беа Хауард и Шродер со 18, односно 17 поени. Кај гостите најдобар беше Гај со 22 поени, но тоа не беше доволно да се направи нешто повеќе во натпреварот.

    Бруклин на домашен терен доживеа дебакл против Чикаго кој победи со 118:88. Во оваа средба се беше јасно по првото полувреме, бидејќи тие тогаш имаа 21 поен повеќе. Батлер беше најефикасен играч на натпреварот со 22 поени, а го следеа Миротиќ со 16 и Богдановиќ со 15.

    Добра ноќ имаше и Клиперс кој стигна до победата против Феникс со 116:98. Домаќините до победа ги однесе Пол со 24 поени и 8 асистенции додека расположени беа и Грифин со 21 поен и Џордан со 19 поени. Кај Санс најдобар беше Најт со 18 поени.

    Во последниот натпревар Торонто успеа да го победи Денвер.

    http://www.dailymotion.com/video/x501x81_chicago-bulls-vs-brooklyn-nets-extended-highlights-october-31-2016-nba_sport