„Серена користи таблети против хероин, а јас си ја правдам алергијата“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Светската антидопинг агенција се соочува со голем број проблеми во последните месеци. Се повеќе незадоволни спортисти има, а особено тенисери и тенисерки кои приговараат на агенцијата.

    Една од нив е и Клара Кукалова која смета дека Серена Вилијамс има привилегија во однос на останатите тенисерки.

    „Разочарана сум бидејќи некои работи не се санкционираат. Серена користи одобрени средства од страна на агенцијата која има ист ефект како и хероинот. Излезе дека земала многу таблети. Но, одеднаш се се заборави и никој повеќе не зборува за тоа.“

    „Јас имав алергија и морав да го докажувам тоа. Тие одлучуваа дали можам да користам инхалатор седум или осум пати дневно. Беа многу груби, а потоа читате што и е дозволено на Серена и нормално е дека сте разочарани.“

    Кукалова моментално има 34 години, а порано беше 20-та тенисерка во светот.