Три прашања кои не смее никој да му ги постави на Ибрахимовиќ!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шведскиот напаѓач Ибра во последно време се мачи со својата форма во Јунајтед, бидејќи сеуште нема дадено гол на 6 натпревари по ред.

    Такво нешто прв пат му се случи во 2007 година кога играше во Интер, но многумина беа сигурни дека тој пост нема долго да трае.

    Медиумите во Англија денес објавија интересна приказна за него. Тие одлучија да ги предупредат новинарите, но и фановите на напаѓачите на Јунајтед, па вреди во продолжение да се прочитаат кои 3 прашања го нервираат најмногу Ибрахимовиќ и на кои никогаш нема да ви одговори.

    1. Кој е подобар, Лионел Меси или Кристијано Роналдо?

    Ибрахимовиќ веќе со години не дава одговор на ова прашање додека медиумите секој пат се обидуваат тоа да го дознаат. Швеѓанецот на крај најде начин да објасни зашто не сака да одговори и кажа дека има само еден најдобар играч во светот, а тоа е Златан Ибрахимовиќ.

    1. Кои се за него најубави жени на светот, па да каже и нешто повеќе за своето семејство?

    Ибра неодамна кажа дека неговата сопруга Хелена Сиегер е најубава жена во светот, но тоа не им беше доволно на медиумите. Постојано се обидуваат да дознаат некоја новост, но тоа не им успева. Ибра никогаш не зборува за своето семејство бидејќи сака својот приватен живот да го остави само за себе.

    1. Која религиозна припадност е Ибрахимовиќ?

    Златан пред неколку години потврди дека најмногу го мрази тоа прашање. Сите знаат дека Ибра е роден во Шведска, но дека неговиот татко е од БиХ, а мајка му од Хрватска. Многу пати се обидоа да дознаат новинарите на која религија и припаѓа Ибра, но тој тоа никогаш не го откри.