Мурињо ја прекрши „условната“: Следуваат големи казни!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Португалецот на клупата  на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја има најтешката работа во кариерата.

    Како да го врати гигантот во врвот на англискиот фудбал, кога апсолутно не оди ништо како што треба. Мурињо, освен резултатската катастрофа во новаата сезона, има проблем и со судиите, па секој ден е на удар на критики поради коментирање на судењето.

    Марк Клатенбург го одалечи од теренот во ремито со Барнли, но тоа нема да биде се, бидејќи Мурињо постојано го коментира секое судење кога станува збор за одлуките кои не се во негова корист. Мурињо би можел да добие 4 натпревари суспензија, но првата од тие 4 би требало со себе да носи ужасно сценарио.

    Тој уште од периодот додека го водеше Челси со себе „носеше“ условна казна за забрана за доаѓање на натпреварите на својот клуб, па му беше кажано дека ќе биде одалечен од стадионот доколку се повтори истото. Бидејќи тоа се случи против Барнли, може да се очекува дека Мурињо ќе добие неверојатна казна.