До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Интер бара нов тренер, а кандидати се Стефано Пиоли, Андре Виљаш Боаш, Лоран Блан и Луј Ван Гал.
Интер е дури на 12 место во Серија А после 11 кола,веќе заостануваат 13 бода од лидерот Јувентус, па Де Бур доби отказ после помалку од 90 дена на работа.
Еден од главните кандидати е поранешниот тренер на Лацио Стефано Пиоли, Ван Гал е слободен од летото кога го напушти Манчестер Јунајтед, а нов ангажман чека поранешниот менаџер на Челси Виљаш Боаш и довчерашниот тренер на ПСЖ Лоран Блан.
Интер во меѓувреме во меч со Саутемптон во ЛЕ ќе ги води тренерот на младиот тим Стефано Веки, но јасно е дека тој е само привремено решение.















