„Донесов лоши одлуки, играчите го решија мечот“

    Атлетико Мадрид се мачеше во дуелот во Лигата на шампионите со Ростов, но со голот на Антоан Гризман во третата минута од судиското продолжение стигна до победа (2:1), а Диего Симеоне ја презеде вината  на себе поради лошата тактика.

    „Денеска направив некои лоши одлуки, но играчите успееја да го решат овој меч во наша корист. И покрај победата сум вознемирен поради своите лоши одлуки пред и во текот на дуелот“, рече Аргентинецот на конференцијата за новинарите.

    „Знаевме дека Ростов ќе биде тежок противник и постигнаа гол после контранапад. Гризман не погодуваше во претходните дуели но вечерва покажа дека секогаш беше позитивен дел од напаѓачката приказна. Тој ќе биде среќен што повторно постигнува голови, а и ние ќе останеме среќни бидејќи тој е потребно да погодува“.

    Следниот предизвик за Атлетико е дуелот во Примера со Реал Сосиедад пред интернационалната пауза.