До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити синоќа на својот Итихад ја совлада Барселона со 3:1 во меч од 4 коло од групната фаза на ЛШ.
Екипата на Пеп Гвардиола после пресвртот успеа да оствари голема победа против Барселона и така се одмазди за тешкиот пораз во првиот меч.
Сепак, во центарот на внимаието после натпреварот беше Лионел Меси кој беше бесен после што еден играч на Сити му ја навредуваше фамилијата.
„Кога ќе загубите не можете да бидете среќни. Видов дека не е расположен, го знам добро тоа можам да го видам. Логично е дека никој не е расположен кога ќе доживее пораз. Мислев дека мене ми се обраќа кога луто викаше пред соблекувалната. Подоцна сфатив дека некој го навредуваше и тоа е навистина разочарувачки. Морате да почитувате играч како Меси“, рече Агуеро.
Англиските медиуми сеуште не знаат кој фудбалер го навредуваше најдобриот играч на светот.
Ни Агуеро тоа не сакаше да го открие иако сигурно знае за кого се работи.















