Ѕвездата на Арсенал одби нов договор, сака назад во Шпанија?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ударна вест во поедини англиски медиуми е токму ова.

    Сите знаеме дека Венгер заедно со управата на клубот спремаат нов договор за Месут Озил и Алексис Санчез. Тие двајца се главни ѕвезди на екипата, најскапи играчи во овој состав, некој од кого многу многу тоа зависи.

    Сепак, Арсенал ќе има големи пролеми да ги задрржи, а посебно се мисли на Месут Озил.

    Имено, како што јавува германски Билд, Месут Озил има желба да се врати во Реал Мадрид со цел повторно да биде заедно со Серхио Рамос, негов голем пријател. Доколку дојде до понуда, тој, наводно, тешко ќе ја одбие.

    “Thefootballaddict”  пишува дека Месут Озил ја одби првата понуда за договор со Арсенал, но деталите во врска со новиот договор нема.

    Месут Озил има договор до 2018 година, а има две желби, тоа е да го добие бројот 10, како и зголемување на платата на преку 200 000 фунти. Покрај тоа, сака да биде во шампионски тим, а тоа доста ќе зависи и од резултатите на оваа екипа во наредниот период. Засега, се оди по планот.

    Ние мислиме дека шансите за Озил да остане во Арсенал се поприлично големи, дури и да е точна информацијата дека одби нов договор.

    Какво е вашето мислење?