Не му може никој ништо на шампионот: Кливленд „гази“ се пред себе


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Екипата на Кливленд има максимален ефект во 4 одиграни натпревари во новата сезона.

    Леброн и останатите минатата ноќ на свој терен го победија Хјустон со 128:120, со одлична игра на Ирвинг, кој натпреварот го заврши со 32 поени и 4 асистенции.

    Џејмс повторно беше блиску до трипл-дабл. Тој овој пат постигна 19 поени, 13 скокови и 8 асистенции. Лав постигна 24 поени и 5 украдени топки.

    https://youtu.be/-mZ9xHBZ9NA

    Подобар од останатите кај гостите беше Харден со 41 поен, 15 асистенции и 7 скокови.

    Кошаркарите на Јута го победија Сан Антонио со 106:91.

    Победничкиот тим го предводеше Хил со 22 поени и 7  асистенции.

    Во поразениот тим најдобар беше Леонард со 30 поени и 7 украдени топки.

    https://youtu.be/XIa3c5P67MI

    Голден Стејт стигна до 3-та победа во низа. Последна „жртва“ беше Портланд, кој беше надигран со 127:104. Најдобар во домашниот тим беше Кари со 28 поени. Во редовите на Портланд најдобар беше Лилард со 31 поен.

    https://youtu.be/oprakdo83FE

    Останати резултати:

    Индијана – Лејкерс 115:108
    Филаделфија – Орландо 101:103
    Детроит – Њујорк 102:89
    Мајами – Сакраменто 108:96
    Минесота – Мемфис 116:80
    Њу Орлеанс – Милвоки 113:117