АТП Париз: Мареј се спаси на крајот


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Вториот тенисер во светот, Енди Мареј го победи Фернандо Вердаско со 6:3, 6:7(5:7), 7:5 во 2-то коло во Париз.

    Во многу возбудлив натпревар по 2 и пол часа до победа стигна Енди Мареј.

    Во првиот сет немаше многу борба, односно Енди Мареј го освои многу лесно, но затоа во вториот сет благодарение на добрата игра Вердаско стигна до израмнување на 1:1 во сетови.

    Во 3-от сет беше највозбудливо кога Енди Мареј при резултат 5:5 успеа да спаси 2 брејк топки и потоа да направи брејк во наредниот гејм.

    Во следното коло Мареј ќе игра против Лук Пуј.