До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски во Баерн и во оваа сезона пружа одлични партии, и стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Левандовски пред Баерн играше во Борусија од Дортмунд каде што на фудбалската јавноста се претстави на најдобар можен начин.
Сепак, италијанските медиуми открија интересна приказна за тоа како Лев за малку ќе дојдеше во Серија А во 2010 година.
Полјакот беше на прагот на премин во Џенова од Лех, но тој трансфер пропадна во последен момент.
Некогашниот тренер на оваа екипа Џан Пјеро Гасперини ја потврди оваа приказна, и откри кој е главен виновник за што Левандовски не стигна во Џенова.
„Левандовски во Џенова? Тоа е вистина, малку недостасуваше да го доведеме во 2010 година. После што Диего Милито замина баравме замена, а Левандовски и Паласио беа на проба. Претседателот се откажа од полскиот напаѓач и на тој начин покажа колку се разбира од фудбал“, рече Гасперини.
Левандовски во 2010 година со играчите на Џенова тренираше десетина дена, но претседателот на клубот, Енрико Прециози, заклучи дека тој не е доволно добар за овој клуб.















