Мурињо повторно ги меша картите, враќање на „заборавениот“ (СОСТАВИ)


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Фенербахче и Манчестер Јунајтед од 19 часот го играат дербито од четвртото коло од Лига Европа.

    Жозе Мурињо се одлучи д а направи неколку измени во Инстанбул пред продолжување на натпреварувањето во Премиер лигата.

    Преку потребен одмор добија Златан Ибрахимовиќ, Хуан Мата и Маруан Фелаини, додека во стартниот состав се капитенот Вејн Руни, Шнајдерлин и Антони Марсијал.

    Интересно, Хенрик Михтаријан конечно е на клупа, поради тоа шт овеќе со недели беше надвор од тимот, поради повреда, а и поради техничка одлука на Жозе Мурињо.