Дурант нема да се поздрави со Вестбрук: Тој ја откри причината


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Љубителите на НБА лигата ќе може да уживаат во натпреварот помеѓу Оклахома и Голден Стејт.

    Во центар на внимание ќе биде Кевин Дурант за кого ова ќе биде прв натпревар против поранешниот клуб откако минатото лето премина во Голден Стејт.

    Дурант изјави дека нема да се поздрави со Весбтрук со кој беа одличен тандем, а причината е едноставна.

    „Никогаш не се ракувам. Тоа е нешто што никогаш не го правам пред натпреварот. Само размислувам за играта на теренот. По натпреварот, тоа е друга работа.“

    „Не ме интересира што зборуваат навивачите на Оклахома и медиумите. Нашиот однос поминува низ тешки моменти, но на крајот ние сме браќа.“