Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Пред точно 20 години, на 3-ти ноември 1996 година, започна една од најуспешните НБА кариери.
Коби Брајант, тогаш 18-годишен играч дебитираше во дресот на Лејкерс против Минесота.
Тој помина на паркет само 6 минути, шутираше од игра 0-1, но успеа да постигне 1 скок и 1 блокада.
Лејкерс триумфираше во споменатиот натпревар со резултат 91:85, а Коби имаше солидна сезона. Избран беше во вториот тим на лигата, откако имаше во просек 7.6 поени, 1.3 асистенции и 1.9 скокови.
https://youtu.be/Pj4pcLWxuaI