Мурињо проговори за Михтаријан и ја објасни причината за поразот!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Жозе Мурињо го призна поразот поради лошата игра на својот тим.

    Португалецот моментално се најде на удар во англиската јавност, но после мечот проба да ја смири топката.

    „Фудбалот не е само во имињата и квалитет, веќе во пожртвуваност, борба, надминување на својот лимит. Фенербахче ја заслужи оваа победа. Тие играа како да им е финале во Лигата на шампионите, а ние како да сме на подготовки и да играме некој пријателски натпревар“, почна Мурињо и додаде:

    „Тешко е кога на позиција стопер играме со два леви бекови и тоа е проблем за нас. Сепак, и понатака веруваме дека можеме да поминеме, бидејќи зависиме само од нас самите. Тоа е една добра работа, бидејќи ако победиме во наредните два натпревари, ќе поминеме понатака“.

    Тој истотака го искоментира статусот на Хенрик Михтаријан кој денеска после неколку недели повторно се најде на теренот.

    „Михтаријан едноставно мора да пружи повеќе, да биде подобар. Тоа е едноставно, нема филозофија. Ова е голем клуб со најголеми очекувања и тој тоа го знае“, заклучи Мурињо.