До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Марсеј, неодамна има нов претседател, управа и тренер, а наскоро во овој тим ќе стигнат и некои нови, квалитетни фудбалери.
Зимскиот преоден рок може да го одбележи трансфер кој се подготвува.
Францускиот гигант е одлучен да го доведе Жофри Кондогбија, кој не се снајде најдобро во Интер.
Овој 23-годишен имаше и проблеми со повредите, но не е тајна дека во овој клуб не е во прв план.
Поради тоа реално е да се очекува да замине, а странските медиуми шпекулираат дека Кондгобија може да се врати во татковината дека е голема желба на Руди Гарсија.
Кондогбија во Марсеј може да дојде веќе во јануари, а за него се спремни 25 милиони фунти. Да потсетиме, Жофри пред доаѓањето во Интер во 2015 година со многу успех настапуваше за Монако.















