„Розберг добро го поднесува притисокот“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Еден од управата на Мерцедес, Тото Волф смета дека Нико Розберг добро го поднесува притисокот. Германскиот возач е блиску до освојување на првата титула во кариерата.

    Нико Розберг го сочува 2-то место на минатата трка.

    „Беше одличен под притисок. Макс го стигна, нападна, но тој јуначки го издржа тоа. Мислам дека сега покажа колку е силен. Не може ниту да претпоставите колку е тешко тоа.“

    Розберг сега има 18 бодови предност пред Хамилтон со 2 трки до крајот. Ако победи во Бразил, титулата ќе биде негова без оглед на останатите резултати.