Нови убави вести во врска со Михаел Шумахер


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Поранешниот шампион во Ф1, Михаел Шумахер покажува добри знаци на оздравување по несреќата на скијање.

    Шумахер доживеа тешка повреда на главата на скијање во декември 2013 година на француските Алпи поради што беше во кома шест месеци и целосно е неспособен да оди.

    Неговата моментална состојба не е позната, но Браун, кој работеше со Шумахер пред освојувањето на сите 7 титули во Ф1, даде надеж дека Германецот ќе оздрави.

    „Семејството е одлично во намерата Шумахер да се лекува приватно и ние мораме тоа да го почитуваме тоа.“

    Тој додаде дека има мали и охрабрувачки сигнали и дека сите се молат Шумахер да оздрави.

    Шумахер помина одредено време во болницата во Греноблеу и Лаусан пред да биде вратен во Швајцарија во септември 2014-та година.