АТП Париз: Иснер е првиот полуфиналист


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Џон Иснер се пласираше во ½-финале откако го победи Џек Сок со 2:1 во сетови.

    Како што се очекуваше претходно, двата тенисери на почетокот на натпреварот беа многу сигурни на свој сервис.

    Во првиот сет видовме само 2 брејк топки, но немаше брејк, па тој сет се играше во тај-брејк. Таму подобар беше Иснер кој на крајот победи со 8:6.

    Во вториот сет беше видена сосема поинаква слика. Сок го освои сетот со 6:4.

    Сепак, во третиот сет подобар беше Иснер и со 6:4 успеа да победи во натпреваорт.

    Тој ќе игра против Чилиќ, кој беше подобар од Ѓоковиќ.