До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Очекувано, почнаа споредбите, како да бил спремни за нов пораз на Манчестер Јунајтед.
Тимот на Жозе Мурињо потфрли, повторно. Сега веруваме дека резултатот на семафорот не е најголем пораз за навивачите на Манчестер Јунајтед, веќе фактот како неговиот тим (не) изгледа на терен.
Јалово, безидејно, тромо, без вистински шанси, без и самите претпоставки за тоа како тоа треба да изгледа.
Играчите гледаат во Мурињо и чекаат нешто да направи, Мурињо гледа во играчите и чека нешто да направат. Барем нешто.
Малку фудбалски, но во смисла на она фудбалското кое се очекува на Олд Трафорд, можеше да се виде и синоќа во играта на некогаш страшните Ѓаволи.
Како што може да се претпоставува, одма на сцена стапи споредбата со Луј Ван Гал, која на несреќа на навивачите на Јунајтед, и не се многу различни.
Статистички, како и по тоа на теренот гледано, Јунајтед на Мурињо не изгледа многу подобро од тимот на Ван Гал.
После 17 одиграни мечеви, Мурињо како Ван Гал има десет победи, додека во преостанатите осум мечеви, Португалецот има еден пораз повеќе!
Скорот на Мурињо е 9-3-5, а на Ван Гал 9-4-4, а тимот на Холанѓанецот имаше и подобра гол разлиак – 29:21, наспроти 25:18.
Јунајтед и Жозе Мурињо ќе имаат многу работа, за да стигнат во ЛШ во Премиер лигата, а во ЛЕ ќе мораат да заиграат за пласман во наредната рунда, бидејќи Фенербахче и Фејенорд имаат бод повеќе.
After first 17 games as Man Utd manager
Van Gaal – W9 D4 L4 F29 A21
Mourinho – W9 D3 L5 F25 A18#MUFC #UEL pic.twitter.com/1cyHsZFtl0— Sky Sports Statto (@SkySportsStatto) November 3, 2016















