„Валбуена е мртов!“: Што има тој да каже на ова?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Францускиот фудбалер Матје Валбуена во последно време се поврзува со голем број клубови, а медиумите шпекулираат дека тој ќе го напушти својот клуб во јануари.

    Искусниот 32-годишен играч зборуваше и за тоа прашање, а изјави дека иднината своја си ја гледа во Лион, но дека никогаш не знае што може да се случи.

    „Моментално сум во својот клуб, имам договор уште година и половина и знам дека нема да го напуштам Лион во јануари. Јас сум професионалец, сакам да играм за Лион бидејќи не сакам да прекинам на половина сезона.“

    Матје Валбуена, поранешниот играч на Марсеј за кој играше цели 8 години, е омразен кај навивачите на тој клуб откако потпиша за Лион, а некои дури го прогласија за мртов.

    Сепак, тој не се замара за тоа и изјави дека него го интересира само фудбал.