„Ќе биде уште подобро наредната година“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Андреа Довициозо стигна до победа во Малезија. Тој смета дека тоа бил најдобриот момент во кариерата, но верува дека наредната година ќе биде уште подобро.

    „Мислам дека се што се случуваше оваа сезона ме направи посилен. Пред 4 години, се беше многу лошо, тоа не смееме да го заборавиме. Ова ми беше најдобар момент во кариерата, но очекувам уште подобра наредна сезона.“

    Тој смета дека за подобрувањето на тимот се важни и добрите тимски односи во Дукати.

    „Мислам дека има уште полиња во кои можам да напредувам и јас како и тимот. Многу сум среќен, бидејќи сите добро се сложуваме и мило ми е што имам договор за наредната сезона и што ќе возам заедно со Лоренцо.“