Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Поранешниот најдобар тенисер во светот, Роџер Федерер, кој во август полни 35 години, изјави дека малку е веројатно тој да стане тренер по завршување на кариерата.
Швајцарецот изрази надеж дека во 2017-та година би можел да игра на врвно ниво, баш како и Рафаел Надал. Тие 2-ца поради повреди пред време ја завршија оваа сезона.
„Можеби би сакал да станам тренер, но не можете целосно да се посветите на тоа со 4 деца. Подобро би бил татко и сопруг. Освен тоа, јас ќе се вклучам во работата на хуманитарниот фонд.“
Легендарниот тенисер му честиташе на Мареј, а нагласи дека очекува исклучително интересен прв дел од наредната сезона.
„Во првите 6 месеци од 2017-та година ќе биде многу интересно. Се надевам дека Надал и јас ќе се вратиме на теренот добри како и претходно. Не знам на кое место ќе бидам на АТП листата. Ќе биде забавно да се следи ждребот за турнирите.“