„Не сме толку добри колку што мислевме“

    Бостон Селтикс влегоа во новата сезона како тим од кој се очекуваше од втор план да ја загрозат доминацијата на Кливленд на Истокот. Меѓутоа, во првите 6 кола тие победија само 3 пати.

    „Не сме толку добри колку што мислевме. Моментално разговараме меѓусебно, но додека не го префрлиме тоа на теренот во текот на сите 48 минути и покажеме што можеме, нема да бидеме меѓу најдобрите.“, изјави Ајзеа Томас.

    Бостон во последниот натпревар изгубија од Денвер.