„Предавник“ во редовите на Челси: Новиот клуб ќе биде шок за сите!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Цеск Фабрегас оваа сезона започна само на 1 натпревар под водство на Антонио Конте во Челси и почнаа сите шпекулации за негово заминување.

    Тој самиот изјави дека би сакал да остане во клубот, но бидејќи не е во плановите на тренерот, тогаш можеби ќе замине.

    А на излезот нетрпеливо чека Вест Хем кој би го донел 29-годишниот фудбалер оваа зима, па дури и на позајмица.

    Англиските медиумите пишуваат дека Челси би се согласил на позајмица, која би ги покривала во голем дел трошоците од платата за Фабрегас, кој зема моментално 180.000 евра.

    Заминувањето во Вест Хем има смисла и кога е прашањето за останување во Лондон бидејќи Цеск и неговата девојка моментално чекаат трето дете и во овој момент сигурно не сакаат да се делат.