Клајн именуваше тројца набрзи фудбалери на Ливерпул

    Десниот бек на Ливерпул Натаниел Клајн именуваше тројца набрзи фудбалери на оваа екипа.

    Во Англија во последно време се почесто се зборува за најбрзи фудбалери, а Клајн откри дека тоа во Ливерпул е Садио Мане.

    Имено, него го прашаа дали може да победи во трка против Мане, а тој рече дека тоа би било тесно, но дека Мане е сепак побрз:

    „Тој и јас во трка? Тоа би било многу тесно. Сепак, морам да кажам дека тој е побрз. Тој е најбрз во нашиот тим, а потоа следам јас па Алберто (Морено)“, рече Клајн.

    Клајн во оваа сезона одигра во дресот на Ливерпул 11 лигашки мечеви и запиша една асистенција.