Зошто „Атомската мравка“ на игра за репрезентацијата?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Еден од најдобрите играчи во МЛС лигата игра фантастично, но не добива повик од страна на Вентура.

    Агентот на Себастијан Џовинко беше поприлично критичен кон Џампјеро Вентура, селекторот на репрезентацијата на Италија.

    Причина е неповикување на неговиот клиент во репрезентацијата.

    „МЛС лигата е со доста добри атлети“, расте како лига, баш како што тоа го мислам дека руската лига е конкурентна во која играат Кришито и Бокети“, рече тој.

    „Не очекувам ништо, само ќе речам дека неговите бројки доволно зборуваат за него. Себастијан постигнува доста голови, повеќе од своите колеги во репрезентацијата“, рече Андреа Дамико, неговиот менаџер.

    Џовинко во оваа сезона во МЛС лигата беше еден од најдобрите играчи, успеа на 28 меча досега да постигна 17 голови.