Засилување за Рома: Спалети најде дефанзивец


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Рома во досегашниот дел од сезоната игра одлично, но во тимот се надеваат дека ќе стигнат конечно и до титула.

    Сепак, факт е дека тимот на Спалети има многу проблеми во одбраната поради честите повреди на играчите. Надвор од конкуренција се Вермален додека неодамна се повреди и Манолас.

    Италијанските медиуми наведуваат дека Рома ќе донесе засилување во одбраната во јануари, а на мета на клубот се наоѓаат неколку играчи.

    Наводно Спалети кажал дека сака да го донесе стоперот на Порто, Фелипе. Исто така, Рома најверојатно ќе остане без Вермален кој ќе се врати во Барселона откако ќе му заврши позајмицата.