До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Актуелниот шампион Лестер сака по секоја цена да се засили во јануари, увидоа дека не можат да играат и Европа и домашно првенство со мал фонд на играчи.
Шампионите на Премиер лигата, играчите на Лестер, не ја почнаа добро оваа сезона во домашното натпреварувања, додека во Лигата на шампионите напредуваат сосема солидно и први се на табелата во својата група.
Сепак, за да успеат да бидат подеднакво добри во двете натпреварувања, потребна им е помош, засилувања се неопходни во јануарскиот преоден рок, свесен за тоа е и Клаудио Раниери.
Има Раниери и проблеми со формата на играчите кои не се на исто ниво од минатата сезона, а се споменува дека најмногу е лут на Вес Морган и Роберт Хут, искусниот стопер.
Токму поради тоа се пишува дека Лестер понудил 25 милиони фунти за младиот фудбалер на Барнли, Мајкл Кин.
Постојат голем број на клубови кои се заинтересирани за овој стопер кој има само 23 години и кој пред месец дена беше повикан и во националната селекција на Англија.
Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед се само некои од имињата на клубовите ко се споменуваат како потенцијална нова дестинација за Кин.















