До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Робин ван Перси во претходниот викенд доживеа навистина незгодна повреда на окото.
Напаѓачот на Фенербахче доби незгоден удар, после што е префрлен итно во болница, но за среќа оштетувањето и поголема повреда на окото немаше.
Докторот Мехмед Озен, кој го прегледуваше Ван Перси, не го препозна славниот напаѓач.
„Фудбал не ме интересира и мислев дека Ван Перси е аматер кој се повреди. Но, кога видов навивачи пред болницата, сфатив дека пред мене лежи некој славен. Соработувавме добро, го прегледав, а единствена фотографија која ја снимив е таа од неговото око“, рече доктор Озен.
Ван Перси во понеделникот потврди дека помина без повреда и веројатно ќе биде спремен за мечот со Галатасарај на 20 ноември.















