Клоп пронајде замена за Ингс и Мане!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ингс е повреден, Садио Мане нема да биде со екипата месец дена, што значи дека Клоп во јануари ќе мора да пронајде решение.

    Најави Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, дека ќе пронајде адекватно решение во зимскиот преоден рок што ќе биде голем проблем во нападот.

    Причината е отсуството на двајцата напаѓачи кои останаа во тимот после летниот рез, а тоа се Дани Ингс и Садио Мане.

    Мане кој е еден од најдобрите играчи во Ливерпул во оваа сезона, ќе мора на Африканскиот куп на Нациите, па ќе биде отсутен околу месец дена, додека Дани Ингс има проблеми со повредите и постои можност дека за него сезоната е готова.

    Играч кој Јирген Клоп нејверојатно ќе го доведе е Сардар Азмун, пишува многу доверливиот Гардијан.

    Скаутите на Ливерпул го следеа овој фудбалер во претходните денови, сметаат дека е играч кој може да го замени споменатиот двоец.

    Азмун игра во Ростов, по потекло е од Иран, игра и за репрезентацијата на таа земја за која забележа 22 настапи и постигна 16 голови.

    Да напоменеме, има само 21 година.