Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Во многу возбудлива ноќ која е зад нас, на НБА паркетите се одиграа 11 натпревари.
Многу внимание привлече натпреварот помеѓу Њујорк и Бруклин, а на крајот Њујорк стигна до победата, иако во поголемиот дел од времето имаа негатива. Резултатот беше 110:96, а најдобри беа Кармело Ентони и Кристапс со 22, односно 21 поен. Во Бруклин Лопез постигна 21 поен.
Филаделфија за малку ќе стигнеше до првата победа. На гостувањето кај Индијана натпреварот беше решен по продолженија, а му припадна на големиот фаворит во овој натпревар. По 109:109 во регуларниот дел, во дополнителните минути Индијана стигна до победата. Џеф со 30 и Пол Џорџ со 28 поени беа најдобри.
Голден Стејт полека влегуваат во форма, а минатата ноќ стигнаа до нова победа. Овој пат против Далас и тоа со 116:95. Кари по срушениот рекорд по бројот на тројки, овој пат постигна 24 поени додека Дурант имаше 28 поени, 10 скокови и 4 асистенции.
Од важните резултати исто така Хјустон победи во дербито против Сан Антонио и Клиперс против Портланд.
Останати резултати:
Шарлот – Јута 104:98
Индијана – Филаделфија 109:109(13:6)
Њујорк – Бруклин 110:96
Орландо – Минесота 107:123
Вашингтон – Бостон 118:93
Атланта – Чикаго 115:107
Оклахома – Торонто 102:112
Феникс – Детроит 107:100
Сан Антонио – Хјустон 99:101
Голден Стејт – Далас 116:95
Клиперс – Портланд 111:80