Најсветла ѕвезда од „Енфилд“: Од африканска прашина до ударна сила во Ливерпул!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Не требаше да сведочите на фантастичниот гол кој на дебито го постигна против Арсенал, кога го проигра Монреал и Чејмберс пред да ја пласира топката во мрежата на Чех.

    Сенегалецот веќе 2 сезони колку што помина во Саутемптон пред да премине во Ливерпул беше една од ударните сили на тимот, каде во 2-те сезони постигна повеќе од 10 голови во сезона. Оваа сезона на 10 настапи има 6 голови.

    Дел е од познатото трио на Ливерпул, Фирмино – Мане – Кутињо, кој ја воодушевува Англија, но и Европа.

    Тој зборуваше за медиумите за својата прва проба, на која го однел вујко му во Дакар, одалечен повеќе од 800 километри од неговиот роден Сенегал. Иако многу религиозното семејство од кое што е, многу се противело на фудбалот, со тек на време виделе колку му значи тоа во животот.

    „Дојдовме на проба и тренерите не поделија во групи. Смешни ми е бидејќи не се сеќавам на изразите на лицето на човекот кој ме гледаше како да сум изгубен.“

    „Кога ми пријде, ме праша дали навистина сум дошол на проба во распаднати, тешки и обични копачки. Му одговорив дека тоа е најдобро што имам и дека сакам да играм. Кога излегов на теренот, изразот на лицето негово беше изненадувачко.“

    Се приклучи на Генерејшн Фут, фудбалска академија која произведе имиња како Сако и Сисе. Таму живееше се до големиот трансфер во Европа, прво во Метц, а потоа и во Салзбург. Малку е познато дека Клоп го виде Сане уште додека беше во Дортмунд. А беше договорен и состанок со Клоп.

    „Бев многу возбуден, не можев да верувам. Постојано ја гледав Борусија и невозможна ми беше помислата дека тој сака да ме запознае и мисли дека можам да и помогнам на Борусија да биде подобра.“

    Сепак, Салзбург беше тогаш многу тежок за преговарање. Освен Борусија ја одбија и понудата од Спартак Москва, а потоа ја прифатија понидата на Саутемптон од 15 милиони евра.

    „Знаев дека доаѓам во екипа која ме сака и кај тренерот кој одлично ме познава, а јас сум подготвен да работам за да му се одолжам.“

    Токму по тој гол против Арсенал на дебито замина гордо во рацете на Клоп, кој полека гради име кое  е подготвено да води тимот на највисоко ниво. Нова шанса да игра одлично ќе има и на Афричкиот куп на нации во јануари.

    „Сеуште сум млад и уште се градам, сакам постојано да се развивам. Секој ден е нова шанса за работа, како на себе, така и на новиот успех. Се сметам себеси за личност која сака да слуша, гледа и учи.“

    „Многу луѓе со кои пораснав, а кои беа многу талентирани фудбалери не добија шанса да станат професионалци. Дознав дека е тешко да се дојде до тоа ниво, но сега тука го живеам својот сон.“

    https://youtu.be/O89NGsH5mEo